Send linket til app

i-Kat


4.4 ( 2064 ratings )
Rejse Navigation
Forfatter: Stanka Naceva
Gratis

Агенцијата за катастар на недвижности за своите корисници изработи бесплатна iPhone апликација – i-Kаt.

i-Kаt претставува мобилна апликација која обезбедува преглед на алфанумерички и геопросторни информации за податоците од Геодетско - катастарскиот информационен систем.

Врз основа на моменталната локација на теренот, апликацијата овозможува графички приказ на недвижностите, како и информации за недвижностите запишани во катастарот на недвижности, како што се: катастарско одделение, катастарска општина, број на катастарската парцела, зграда и дел од зграда, површина и носители на права на одредената недвижност.

Покрај овие податоци на оваа апликација се достапни податоци од Графичкиот регистар на градежнo земјиште и податоци од Регистарот на цени и закупни.

i-Kаt апликацијата е бесплатна за користење. Информациите кои ги обезбедува се неофицијални и исклучиво од информативен карактер.